Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Не можевме да се носиме физички со Португалците

Објавено

на

Кирил Лазаров се одлучи за тим во кој има доста неискусни и млади ракометари и се потпре на ракометарите кои треба да растат во иднина, бидејќи денеска во составот ги немаше ниту Талески, Манасков и Георгиевски.

Македонскиот селектор беше доста лут на еден од последните тајм-аути за лошите одлуки на младите играчи, кои сепак според него ќе стекнат искуство и ќе научат да победуваат само со вакви натпревари како овој денеска против Португалија.

Денешниот противник бележи голем напредок во ракометот последните неколку години и беше навистина добар и на Светското првенство, а денеска ја оправда фаворитската улога во „Борис Трајковски“ и славеше сп 23:29.

– Ни недостасуваше фокус и концентрација, а тоа се добива само со играње на вакви натпревари. Можевме да имаме поповолен резултат, но знаевме со кој играме, знаевме со каква селекција играме денеска.

– Треба да поправиме од се по нешто, она што беше очигледно е дека доминираа со корпулентност. Загубивме доста дуели, дефицитирани бевме на пивот позицијата, нивните двајца пикери играат во Барселона и Порто. Примивме многу голови од таа позиција, едноставно не можевме да се носиме со нивните пикери. Физички не можевме да се носиме со нив.

– Игравме во грч, тоа можеше да се забележи, немавме полетност, но се надевам дека со текот на времето ќе бидат подобри овие млади играчи. Најважно е да се пласираме на Европското првенство, против селекциите на Турција и Луксембург сме фаворити. Во денешно време не се добива лесно ниту еден меч, но да не мислиме уште сега на нив. Да одиграме квалитетно во Португалија, да ни послужи тој меч како искуство за во иднина, – порача селекторот Кирил Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни