Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро со генијален потег го реши финалето против Милан, па прослави во стилот на Меси (Видео)

Објавено

на

Лаутаро Мартинез доби доста критики за својата форма на Светското првенство, но по враќањето од Катар, го презентира сиот свој потенцијал во дресот на Интер.

Аргентинскиот напаѓач постигна по еден гол на последните три меча во Италија, а својата серија ја продолжи и во Суперкуп финалето кое се одигра во Ријад.

Интер го надигра лутиот ривал Милан и со победа од 3:0 ја освои титулата, но начинот на кој беше затворен овој меч беше навистина величествен и за тоа е заслужен Мартинез.

Лаутаро со интелигентно движење и без допир со топката се ослободи од својот чувар, а потоа мајсторски реализираше и го совлада Татарушану за конечни 3:0.

Аргентинецот прослави во стилот на својот репрезентативен соиграч Лео Меси, па со ова само дополнително го зачини моментот кој ќе го памети уште долго. Претходно, во првиот дел, Димарко погоди за 1:0, а Џеко го насамари Тонали пред да погоди за 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни