Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кварацхелија по убедливата победа на Наполи: Се остваруваат соништата во ЛШ…

Објавено

на

Наполи игра фуриозно во Лигата на шампионите во оваа сезона, а последен тим кој го почувствува на своја кожа беше Ајакс кој беше декласиран на негов терен во Амстердам со 6-1.

Калчолигашот прв ја вадеше топката од мрежата, но потоа „распали“ и го понижи холандскиот шампион. Еден од стрелците беше Квича Кварацхелија за кого ова воедно беше прв гол во елитното натпреварување, а тоа донесе посебни емоции, задоволство кај него.

-Мислам дека соништата се остваруваат затоа што играм во Лигата на шампионите, постигнав и гол. Многу сум среќен, но исто така беше важно за тимот да победи, -рече Грузиецот кој говореше и за противникот.

-Не беа добри, ама се квалитетен тим со добри играчи. Треба да одат напред. Им посакувам среќа, -истакна офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни