Поврзете се со нас

Свет

Квалитетно издание на Костески во првата полуфинална победа на Плзен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Екипата на Тален Плзен од која дел е Никола Костески имаше убедлив настап против Копривнице во првата средба од полуфиналето во Чешка.

Домашните ракометари покажаа моќ и го разбија противникот со 40:26. Плзен веќе во првите 30 минути се избори за водство од четири разлика (18-14) за да по одморот Никола и компанија бидат уште посигурни, поубедливи и му одржат вистинска лекција на Копривнице кој во второто соочување меѓу овие два тима ќе ја има улогата на домаќин.

Костески се прикажа во одлично светло со 5 постигнати голови, плус имаше 3 украдени топки.

Вториот меч е закажан за 13 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни