Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски без грешка, важна победа за Пешевски и Штутгарт

Објавено

на

Екипата на Штутгарт за која настапува нашиот репрезентативец Жарко Пешевски оствари значајна победа над Минден од 26-25 во борбата за опстанок во Бундеслигата.

Гостите се изборија за 9. сезонски триумф и сега имаат седум бода повеќе од Минден кој се наоѓа на таа последна 17 позиција која води во втората лига. Пешевски не постигна ниту еден погодок, односно имаше само еден неуспешен обид.

Филип Кузмановски пак имаше еден од еден против Флензбург, ама неговиот Хановер загуби пред своите гледачи со 31-26. Гостите водат жестока битка за позициите кои водат во ЛШ и оваа победа воопшто не е изненадување.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни