Поврзете се со нас

Свет

Клуб од Саудиска Арабија постигнал договор со Верати

Објавено

на

Марко Верати е на излезна врата во ПСЖ, но барем засега не е целосно јасно каде ќе ја продолжи кариерата.

Италијанскиот репрезентативец очигледно ја заврши својата етапа во францускиот клуб и по секоја цена сака да го следи примерот на Нејмар и веќе има договор со клуб од Саудиска Арабија.

Агентите на Верати веќе имаат договор за личните финансиски услови со Ал Ахли, но барем засега саудискиот клуб нема добиено зелено светло од ПСЖ.

Претходно и Ал Хилал се обиде да го договори Верати, но ПСЖ експресно ги одбил понудените 30 милиони евра од овој клуб.

Ал Ахли денеска веќе го официјализираше трансферот на Мерих Демирал, со што турскиот репрезентативец е уште еден квалитетен играч кој ќе му се приклучи на тимот во кој настапува и нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни