Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Не сме во трката за Топ 4, единственото нешто што можеме…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул врза три победи во низа, а последната дојде против Вест Хем на негов терен во Лондон.

„Црвените“ славеа со 2-1 и сега со 53 бода се на шестата позиција на табелата, но и покрај поволните резултати во последно време менаџерот Јирген Клоп не го гледа својот тим во трката за Топ 4 во Премиер лигата.

-Се уште не можам да не видам во трката. Тоа е затоа што ние не сме во позиција за трка. Значи, единственото нешто што можеме да направиме е да ги добиеме натпреварите. Ако тоа изврши притисок врз другите тимови, тоа не е во наши раце затоа што не играме против нив. Се соочуваме со Тотенхем – тоа е тоа од тој дел, мислам, на тимовите над нас. Ако ги добијат своите средби, тоа е тоа за нас. Но јас не размислувам за тоа. Сакам да ја завршиме сезоната колку што е можно подобро.Сакам да извадам нешто од оваа сезона за наредната година. Ако тоа е европско натпреварување, одлично. Ако не, ние мора да го прифатиме исто така и да одиме од таму. Тоа е она што го сакам сега, -рече Клоп и додаде:

-Сакам, барем неколку недели, да да го покажеме нашето вистинско лице -да не биде убавото, грдото, убавото, грдото. Навистина е тешко тоа да се направи. Значи тоа го направивме на три натпревари-три и пол, второто полувреме против Арсенал беше брилијантно, сите на поинаков начин, -заклучи Германецот.

Англискиот вицепрвак има шест бода помалку од Њукасл и Манчестер Јунајтед, ама и еден, односно два натпревари повеќе од ривалите кои се на третата и четвртата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни