Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Имав самоубиствени мисли по поразот од Надал

Објавено

на

Ник Кирјос се врати на тенисот на турнирот во Штутгарт и поради долгата пауза загуби уште во првата рунда, но далеку попопуларен е поради неговата исповед која ја има во Нетфликс документарецот насловен „Брејк топка“.

Кариерата на австралискиот тенисер е одбележана од многу контроверзни ситуации кои беа резултат на неговиот проблематичен темперамент, но Ник открива дека посебно тешко му било по втората рунда на Вимблдон во 2019-та година, кога имал и сериозни намери да си го одземе животот.

Кирјос во својата страшна исповед вели дека добро за него било што брзо се свестил и самиот побарал професионална помош, па така уште во Лондон завршил на разговор со психијатар.

– Навистина имав мисли за самоубиство на Вимблдон 2019-та година. Ако добро ги погледнете моите мечеви, ќе видите дека играв со бела лента на десната рака. Играв со ракав за да ги покријам моите повреди кои си ги нанесував само. Имав суицидни мисли, не сакав да станем од кревет, а уште помалку да играм тенис пред илјадници луѓе.

– Пиев, се дрогирав и се оддалечив од моите најблиски. Кога загубив од Надал на Вимблдон, кога станав од кревет видов како мојот татко седи на креветот и плаче. Тогаш си реков „не можам да продолжам вака“. Завршив на психијатар во Лондон за да си ги решам проблемите и од тогаш успеав да тргнам напред, – открива Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни