Поврзете се со нас

АТП

Кеш за Надал: Ако тоа го кажевте пред 20 години, ќе завршевте во психијатриска болница

Објавено

на

Австралискиот тенисер Пет Кеш остави трага во „белиот спорт“, при што негов најголем успех дефинитивно е грен слем титулата на Вимблдон, освоена во 1987 година.

Асот роден во Мелбурн своевремето беше четврти тенисер на светот, а како таков – неговото мислење има специфична тежина.

Тој на интересен начин ја опиша доминацијата на Рафаел Надал на Ролан Гарос. Таму Шпанецот има неверојатни 13 грен слем титули.

Неговиот успех во Париз е рекорд кога е во прашање оваа сцена, односно успеси на турнири од ваков ранг.

– Замислете дека фудбалски тим кој е едноставно непобедлив или некој велосипедист што победува на Тур д’Франс од година во година. Тие 13 титули на Надал на Ролан Гарос се неверојатни. Да го кажевте тоа пред 20 години, ќе завршевте во психијатриска болница,- истакнал Кеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни