Поврзете се со нас

Англија

Карагер со искрен коментар за очајната статистика на Кутињо: Тој е бледа сенка од играчот што беше некогаш

Објавено

на

Џејми Карагер и Филипе Кутињо беа соиграчи една полусезона во Ливерпул и легендарниот стопер имаше можност одблиску да го следи развојот на Бразилецот, кој сега според него е едно од најголемите разочарувања во Премиер лигата.

Карагер го коментираше вчерашниот меч меѓу Астон Вила и Нотингем во Премиер лигата како домаќин во понеделничкото студио на „Скај Спротс“, а по ремито од 1:1, беше посебно критички настроен кон поранешниот соиграч.

Кутињо нема забележано ниту една асистенција и гол од стартот на сезоната и само ја потврди ужасната форма од времето во Барселона, па Карагер признава дека не може да го препознае фудбалерот кој едно време беше главна ѕвезда на Ливерпул.

– Кутињо е бледа сенка од играчот што беше. Сите знаевме дека не му одеше добро во Барселона, но тој е илјадници километри далеку од тоа што беше. Тој е единствениот играч од нападот кој беше донесен од Џерард, но не прави разлика. Сите останати играчи во нападот беа купени од друг тренер, – порача Карагер.

Вчерашното реми од 1:1 го остава Стиви Џи и натаму под голем притисок, бидејќи Астон Вила е на 16-то место и има само девет бода по девет одиграни меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни