Поврзете се со нас

Германија

Кансело експресно доби шанса во стартната постава и дебитираше со асистенција после само 17 минути (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Жоао Кансело набрзина го комплетираше трансферот од Манчестер Сити и Баерн Минхен, операција која доби своја реализација без никаква најава.

Преминот на Португалецот дојде како „гром од ведро небо“ за англиските и германските медиуми, но потоа се откри дека причина за заминувањето од Сити е караницата која ја имал со Пеп Гвардиола.

Баерн го доведе десниот бек како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, по што ќе има опција да го откупи за 70 милиони евра.

Оваа одлука ќе зависи од изданијата кои ќе ги има Кансело во Баерн, а ако се суди според стартот, Жоао навистина ќе биде големо засилување за баварците.

Кансело доби шанса во стартната постава еден ден по комплетирањето на трансферот, но за да биде уште подобро, асистираше по само 17 минути игра и Баерн поведе против Мајнц по неговото додавање. Стрелец беше Чупо Мотинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни