Поврзете се со нас

Светски првенства

Камерите го уловија: Пикси нервозно ги пцуеше албанските играчи во швајцарскиот тим (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ најави дека ќе остане селектор на Србија и ќе се подготвува за квалификациите на Европското првенство кои започнуваат во месец март наредната година, иако неговиот тим не ги оправда огромните очекувања со кои замина за Катар.

Србите со голема самодоверба говореа за тоа дека најмалку ќе ја минат групата и ќе играат во осминафинале, но кобна за нив повторно се покажа репрезентацијата на Швајцарија која вчера славеше со 3:2.

„Орлите“ не импресионираа и на претходните два меча против Бразил и Камерун, но сепак влегоа со огромна доза на амбиции и одмазда во дуелот со Швајцарија, кој и покрај тоа не го добија.

Швајцарските репрезентативци подобро се снајдоа во услови на многу борба, провокации, вулгарни гестови и пцовки на теренот, а покрај Гранит Џака кој го покажуваше меѓуножјето, медиумите ја уловија и реакцијата на Пикси по вториот гол на Србија.

Српскиот селектор воопшто не се штедел по голот на Влаховиќ, односно нервозно ги пцуел двајцата албански стартери во тимот на Швајцарија (Шаќири и Џака).

– Да ви е.ам мајката шиптарска во п…а, – се чита од усните на Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни