Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетите претрпеа пораз и од Летонија, сега ги чека борба за опстанок во А дивизијата

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

По трите порази во серија во групната фаза, кадетската репрезентација на Македонија вечерва во Скопје загуби и од Летонија, а тоа значи дека нашите деца сега ќе водат тешка битка за да избегнат испаѓање во Б дивизијата.

Европското првенство кое се игра во нашата престолнина не донесе посакувана предност за македонските кадети на овој турнир, па по денешниот непријатен пораз, сега ќе следи најризичното разигрување.

Летонија оствари победа од 46:57 и се спаси од разигрувањето за одржување на статусот во А дивизијата, нешто што сега ќе претстои за македонските кошаркари до 16 години.

Македонија ќе ја чекаат две пресметки за да се обезбеди опстанок во кошаркарската елита, а првиот натпревар ќе биде оној со поразениот од пресметката меѓу Турција и Израел која се игра вечерва.

Ако победиме на овој меч, потоа ќе следи „финале“ за кадетите, кои би играле за опстанок во директен дуел со победникот од дуелот меѓу Белгија и Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни