Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите немаа решение за Турција на ЕП во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години претрпе пораз од Турција од 82-74 во вечерашата осминафинална битка на Европското првенство (ЕП) во Скопје.

Ние имавме подобар старт на натпреварот, но Турците брзо се вратија и веќе до крајот на првата четвртина го преземаа водството и контролата на играта (19-12). Гостите продолжија во ист ритам и во вториот период, па на пауза заминаа со плус 15 (43-28).

И по одморот гостите беа за нијасна подобри, па на нас до крајот ни остана да се избориме за побезболен пораз што успеавме да го направиме со оглед на тоа што завршниот период го реализиравме со 28-19.

Јаничиќ со 15 поени и Луканоски со 13 поени и 20 скокови беа најдобри поеднци во нашиот состав кој сега го очекуваат битки за опстанок во друштвото на најдобрите кадетски селекции во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни