Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јовичевиќ откри каква џентлменска порака добил од Анчелоти по драматичното израмнување на Реал

Објавено

на

Голот на Ридигер во 95-та минута му донесе бод на Реал Мадрид во Варшава и спречи да видиме прв пораз на „кралевите“, но истовремено, тоа значеше дека актуелниот европски првак е втор патник во осминафиналето во Лигата на шампионите после Манчестер Сити.

Драматичниот гол на германскиот репрезентативец донесе многу крв на теренот бидејќи истиот пристигна по еден жесток судир со противничкиот голман, а додека погодокот донесе голема радост на клупата на Реал, разочарувањето беше огромно кај Украинците.

Шахтјор се уште останува во игра за пласман во осминафиналето како второпласиран тим, но за да дојде до тоа, ќе мора да брка бодови на последните два меча во групната фаза.

Тренерот Игор Јовичевиќ имаше за што да жали по примениот гол во самата завршница, но вели дека останал импресиониран од џентлменската реакција на Дон Карло по последниот судиски свиреж.

– Многу сме тажни, но ова е Реал Мадрид и таков е фудбалот. Одигравме извонреден меч против најдобриот тим во светот. Анчелоти ми призна дека сме одиграле многу добро. Одработивме многу добри нешта на теренот, коригиравме работи кои не беа добри на „Бернабеу“. Бевме многу блиску до победа, но таков е спортот и мора да го прифатиме ремито. Секако дека постои тага, никој не можеше да поверува дека ќе извадиме бод против Реал, но бевме нависитна блиску до победа.

– Карло Анчелоти е пример за сите. По крајот на мечот, ми порача дека сме заслужиле да победиме. Тој е еден од најдобрите, вистински извор на инспирација за мене и голем пример. Ми порача дека многу му се допаднал мојот тим и дека имаме големи шанси да се пласираме во осминафиналето, – откри тренерот на Шахтјор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни