Поврзете се со нас

Македонија

„Јане Сандански“ домаќин на третото издание на интернационалниот кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“

Објавено

на

Од 15. до 17. септември ќе се одржи третото издание на интернационалниот кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“, настан на кој домаќин ќе биде СЦ „Јане Сандански“.

Новото издание на интернационалниот турнир „Драган Василов – Цевка“, кој трета година по ред ќе се одржи во чест на легендарниот кошаркарски стратег чија страст беше работа со младите категории, и дефинитивно, може да почне.

Собирот во Скопје, исто како и во претходните две години, ќе биде и повеќе од интернационален карактер. Својата пријава за учество одамна ја потврдија осум екипи кои од 15. до 17. септември ќе се натпреваруваат во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Предводник на листата на учесници на овогодинешното издание е У15 селекцијата на белградски Партизан.

Во Аеродром доаѓа и повеќекратниот романски првак Клуж, Перник од Бугарија, Интер од Братислава, црногорскиот  Ол Старl Star“, и нишки Триумф.

Македонски претставници на турнирот посветен на Драган Василов Цевка ќе бидат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Вардар.

Осумте екипи на турниот, на кој ќе учествуваат момчиња родени 2009 година (и помлади), се поделени во две натпреварувачки групи.

Во групата „А“, ќе се натпреваруваат екипите на Триумф, Перник, МЗТ Скопје Аеродром и Клуж, додека во групата „Б“ ќе разигруваат: Вардар, Партизан, Ол Стар и Интер Братислава.

Влезот во СЦ „Јане Сандански“ е слободен

Организатор на турнирот „Драган Василов Цевка“ и оваа година е Општина Аеродром, а помагатели се КФСМ и Македонскиот Олимписки Комитет.

Влезот за натпреварите на овој турнир во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде бесплатен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни