Поврзете се со нас

Италија

Интер подготвил 15 милиони евра за поранешен напаѓач на Реал и Јувентус

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер сака да доведе уште еден напаѓач во овој преоден рок, па откако реши да се откаже од Ромелу Лукаку сега своето внимание го насочува кон други трансфер цели.

Медиумите извадија неколку имиња со тоа што сега „Спортиталија“ излезе со конретна информација, па дури и понуда на Интер за некогашниот голгетер на Реал Мадрид и Јувентус. Се работи за Алваро Мората кој сега е дел од Атлетико Мадрид и за кого европскиот вицешампион е подготвен да плати 15 милиони евра.

Тоа е пет милиони евра помалку од тоа што се бара за Шпанецот за кого дел од медиумите пренесуваат дека има и откупна клаузула која се движи околу 20 милиони евра. Луѓето пак околу Алваро наводно имаат документ според кој фудбалерот би можел да си оди од Атлетико за 10-11 милиони евра што значи има прашања кои треба да се разјаснат.

И Рома е загреана за Алваро што значи дека напаѓачот може лесно да се врати на Апенините каде беше од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2020 настапувајќи за Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни