Поврзете се со нас

Свет

Игуаин откри зошто не планира да остане во фудбалот по крајот на кариерата

Објавено

на

Гонзало Игуаин неодамна најави дека ќе ја заврши својата професионална фудбалска кариера, со што Интер Мајами ќе биде негов последен клуб.

Аргентинецот кој настапуваше за клубови како Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челси потенцира дека доживеал многу убави и тешки моменти во кариерата, но не планира да остане активен на фудбалската сцена.

– Настапот во МЛС и живеењето во оваа земја ме научија како можам да уживам во работите во кои не сум уживал претходно. Мојот живот е посветен на сопругата и ќерката, тие се покрај мене во сите најважни моменти.

– Сакам да научам да готвам, да учам англиски и свирење гитара, но сигурно нема да останам во фудбалот.

– Фудбалскиот свет стана токсичен и кога ќе ја завршам кариерата, сакам да бидам што подалеку, – изјавил Игуаин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни