Поврзете се со нас

Англија

И тренерот на Брентфорд беше изненаден од тактиката на Лампард: Се работи за Челси, играат на „Стемфорд Бриџ“…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси продолжи да ги разочарува своите навивачи, а последниот неуспех дојде на домашен терен во пресметката со Брентфорд.

Домашниот тренер Френк Лампард се одлучи за чудна тактина на овој меч, дефанзивна варијанта во која Рахим Стерлинг беше најистурен, но тоа не се покажа како добра опција и „сините“ загубија со 2-0 со погодоците на Азпиликуета и Мбуемо.

-Бевме задоволни што покажаа толку голема почит кон нас. Бев изненаден. Јас го почитувам секој тим, не се плашиме од ниту еден тим, -истакна предводникот на Брентфорд, Томас Франк кој дефинитивно не очекувал Челси да истрча со тој состав, формација.

-Разговаравме за тимот кога ја видовме поставата. Сè уште е Челси, сè уште Стемфорд Бриџ, сè уште имаат неверојатни играчи. Се обидовме да играме цврсто, да работиме напорно на различните системи и принципи и начинот на кој го држевме мечот под контрола беше многу добар, -додаде Франк.

Клубот од Лондон е во катастрофална серија на резултати, наредниот меч му е против Арсенал на гостински терен и воопшто нема да биде изненадување ако прокниже уште еден пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни