Европски купови
Хувентуд стопи негатива од 23 поени, но доживеа елиминација од Виртус

Шпански Хувентуд се врати од негатива од 23 поени во третиот период, но повторно не се снајде најдобро во завршницата на дуелот со Виртус Болоња од четвртфиналето на Еврокупот (78:84).
Италијанскиот состав го задржа својот перфектен скор сезонава и со втората победа во серијата со Хувентуд, се пласираше во полуфиналето на ова европско натпреварување.
Гостите започнаа подобро, по првиот перио водеа со 14:19, а на полувреме со 31:43, за во третиот период да стигнат до плус 23, односно предност 32:55.
Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи не се предадоа, па иако нашиот репрезентативец остана на клупата откако се пожали на повреда на коленото, Басас ги предводеше домаќините со серија тројки, со кои најпрвин стигна на 69:69, а потоа и поведа со 72:71 на три минути до крајот.
Но, следуваше подобар финиш на Виртус, кој предводен од Хантер и Теодосиќ го издржа налетот на Каталонците и со вториот триумф, го завери пласманот во следната рунда.
За 13 минути на теренот, Димитријевиќ реализираше 7 поени, 3 скокови и 1 асистенција, а најефикасен беше Басас со 26 поени. Хантер и Вимс со 18 и Теодосиќ со 17 поени пак беа предводници на тимот чиј тренер е Александар Ѓорѓевиќ и кој сега ќе го чека противникот во полуфиналето.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо