Европски купови
Хувентуд и Димитријевиќ не издржаа во завршницата против фаворитот Виртус

Виртус Болоња успеа да го победи Хувентуд на нашиот Нено Димитријевиќ во првиот натпревар од четвртфиналната серија во рамките на Еврокупот (80:75).
Хувентуд играше добро во најголем дел од натпреварот, на полувреме имаше три поени предност, а во последниот период двете екипи влегоа со подеднакви шанси и резултат 63:63.
Италијанскиот состав направи одлична серија по која дојде до осум поени предност, Хувентуд успеваше да одржи резултатска неизвесност се до последната минута, но на крајот Виртус стигна до предност од 1:0 во серијата подобар од три.
Димитријевиќ повторно имаше ограничена минутажа, одигра 18 минути и постигна 6 поени во комбинација со 3 асистенции.
Најефикасен во неговиот тим беше Лопез-Аростеги со 20 поени, додека во победничката екипа на Виртус се издвои Белинели со 24 поени.
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!
-
Англијапред 24 часа
Фановите на Јунајтед се чудат: Ерик Тен Хаг дозволил продажба на скапото засилување
-
Светпред 23 часа
Станковски со деби гол во својот прв старт за Газиантеп (Видео)
-
АТПпред 8 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Францијапред 21 час
ПСЖ ја потврди разделбата со еден од најискусните фудбалери
-
Англијапред 22 часа
Клоп го најави заминувањето на играч на Ливерпул и порача: Тој е наша легенда
-
НБАпред 10 часа
Далас испушти плус 19, Кари ги прати Дончиќ и соиграчите на спиење (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Тебас: Не гледам како Барселона може да си го дозволи Левандовски