Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватска го слави Будимир, но одбраната вредна ЕП ја има Ливаковиќ! (Видео)

Објавено

на

Хрватска успеа да оствари минимална победа над Ерменија на домашен терен и јунак на мечот беше Анте Будимир кој го постигна голот вреден победа, што автоматски гарантираше пласман на уште еден голем турнир.

Селекцијата која ја предводи Златко Далиќ одигра потпросечни квалификации и мораше да добие услуга од Ерменија во претходното коло за да зависи сама од себе, но дури и во ситуација кога се очекуваше рутинска победа, притисокот си го направи своето.

Напаѓачот на Осасуна постигна гол пред крајот на првиот дел и симна голем дел од товарот кој го имаа неговите соиграчи, бидејќи Ерменија до тој момент не беше безопасна.

Всушност, најдобрата шанса за промена на семафорот до голот на Будимир ја имаа токму гостите, кога Ховханисјан излезе сам пред голот и во дуел очи в очи со Ливаковиќ.

Хрватскиот чувар на мрежата режираше фасцинантна одбрана и го сочува својот гол, а оваа интервенција се чини дека беше вредна и настап на Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни