Поврзете се со нас

Светски првенства

Холанѓанецот кој влезе во клинч со Меси: Барем сега го научи моето име…..

Објавено

на

Ваут Вегорст го критикуваше однесувањето на Лионел Меси набрзо по срамните сцени кои ги видовме на четвртфиналето на Светското првенство, но сега одговор за немилата ситуација побараа и турските новинари по последниот меч кој Холанѓанецот го одигра за Бешикташ.

Турскиот великан победи против Санлиурфаспор во Купот со пресврт откако губеше на полувремето со 0:2 (4:2), а последниот гол го постигна токму Вегорст, кој испрати нова порака за инцидентот со еден од најдобрите играчи на сите времиња.

– Веќе кажав која беше мојата намера, само го сочекав пред да влезе во соблекувалната и сакав да му кажам колку го почитувам. Му подадов рака, но тој ми ја отрфрли и испрати навредливи зборови. Не го разбирам многу неговиот јазик, но сфатив дека беше нешто навредливо, – изјавил Вегорст и додал.

– За мене Меси е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. После натпреварот сакав да му оддадам признание, но тој не беше расположен за тоа. Ако ништо друго, сега барем го научи моето име, – иронично порачал Вегорст.

Меси не го именуваше Вегорст во бесното интервју по натпреварот и го нарече „играчот со број 19“, а за него беа наменети и зборовите „што гледаш глупаку“.

Меси во најбурно издание во кариерата: Што гледаш глупаку….. (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни