Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Херојско реми на Шкупи на „Максимир“ против Динамо Загреб

Објавено

на

Избраниците на Гоце Седлоски одиграа одличен натпревар против Динамо Загреб во рамките на квалификациите од Лигата на шампионите.

Шкупи ремизираше со апсолутниот фаворит на оваа средба со 2:2, во натпревар кој понуди многу возбудувања на теренот.

Македонскиот претставник прв стигна до водство во 26. Минута кога Кевен ја искористи одличната топка на Фреди Алварез и го матираше домашниот голман.

Пред самиот крај на првото полувреме, Арјан Адеми го израмни резултатот на 1:1, па на пауза се замина со нешто помирен резултат за домаќините.

Во вториот дел Динамо ја имаше теренската доминација и стигна до гол во самиот финиш на средбата кога Адеми овојпат се најде во улога на асистент, а стрелец на голот беше Бруно Петковиќ.

Момците на Седлоски не се откажаа по овој гол и преку Реналдо Цепас постигнаа гол за реми кој најавува пеколна борба на реванш средбата во Скопје.



Реклама
Реклама
Реклама

Популарни