Поврзете се со нас

Македонија

Хејнс-Џонс ново име во редовите на прволигашот Феникс

Објавено

на

Екипата на Феникс 2010 успеа да доведе уште едно ново пред пред настапот во квалификациите за ФИБА Европа Купот.

Нов член на македонскиот прволигаш е 27-годишниот Самаџе Хејнс-Џонс. Се работи за плејмејкер кој во минатата сезона играл во Грција и Бугарија за Аполон Патра и Спартак Плевен. Во последниот негов клуб имал просек од 14.0 поени, 4.1 асистенција и 2.5 скокови по натпревар што се бројки за почит, поточно ветуваат дека скопскиот тим добива квалитетно засилување.

Тој во Европа има настапувано уште во Унгарија и Грузија, а во САД бил дел од Универзитетот Вичита во Канзас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни