Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон претпазлив пред трката во Бахреин: Нашиот болид не е најбрз во моментов

Објавено

на

Луис Хамилтон со нетрпение го очекува почетокот на новата Формула 1 сезона, а во неа ќе се обиде да стигне до осмата шампионска титула.

Сепак, Британецот е посебно внимателен во изјавите пред првата трка во Бахреин и вели дека Мерцедес засега има уште работа за да дојде до најдобар болид.

– За нас е посебно возбудливо да почнеме нова сезона, но во моментов не сме најбрзи на патеката.

– Тоа е уште еден предизвик за целата екипа, досега е завршена добра работа, но ќе биде постојана борба да го подобруваме болидот во текот на сезоната, – изјавил Хамилтон.

Возачот на Мерцедес веќе се израмни со Михаел Шумахер со седумте освоени титули, а осмата ќе му донесе нов апсолутен рекорд, кој ќе биде голем предизвик за идните генерации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни