Поврзете се со нас

Германија

Хаман: Баерн мора да има посериозен пристап

Објавено

на

Баерн Минхен има посакувани резултати во Лигата на шампионите, но е далеку од убедлив во Бундеслигата и засега не успева да ја покаже разликата во квалитет во однос на ривалите.

Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман. во своето последно гостување во медиумите испратил порака до Баварците, потенцирајќи дека мора да бидат посериозни во домашниот шампионат.

– Баерн мора да ги покаже перформансите од ЛШ и во Бундеслигата, на последниот натпревар со Борусија, иако можеа претходно да го решат во своја корист.

– Мора да престане таа разлика во нивните изданија, а исто така малку несериозно е да примиш два гола, тоа не смее да им се повтори во дуелите со поквалитетните екипи.

– Исто така мора да нагласам дека Јулијан Нагелсман делува позрело и посмирено на клупата и тоа добро му прилега заедно со другите квалитети, – истакнал Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни