Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со филозофска најава на дуелот со Лајпциг: Судбината ни е веќе напишана

Објавено

на

Манчестер Сити ја отвора нокаут фазата во Лигата на шампионите со двомеч со РБ Лајпциг, а Пеп Гвардиола филозофски го најавил првиот дуел со бундеслигашот.

Шпанскиот стручњак смета дека „судбината е веќе напишана“ и тој е задоволен и од досега постигнатото во тренерската кариера.

– Би рекол дека и да ми заврши кариерата утре, јас сум благословен и задоволен од тоа што го постигнав овде и во Барселона и Баерн.

– Не би очекувал повеќе не само од резултатите, туку и од начинот на кој играа моите екипи. На крајот на краиштата нашата судбина е веќе напишана.

– Мислам дека што и да направиме, нема да биде доволно за да се спореди со постигнатото во минатото, затоа уживам и се забавувам. По оваа прес-конференција ќе уживам во вечера и убаво вино, а потоа има убави натпревари за гледање, – изјавил Гвардиола на вчерашната прес-конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни