Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Не сме како Реал, не можеме се да освоиме…

Објавено

на

Манчестер Сити му гостува на РБ Лајпциг во вечерашниот меч во Лигата на шампионите каде премиерлигашот ќе се обиде со позитивен резултат да направи сериозен исчекор кон пласман во четвртфиналето.

„Граѓаните“ веќе долго време посакуваат да направат голем резултат во ЛШ, да дојдат до пехар и поради тоа секогаш кога ќе дојде овој период од годината има поголем притисок врз менаџерот Пеп Гвардиола.

Шпанецот беше успешен со Барселона во елитното натпреварување, но потоа тоа не го повтори со Баерн Минхен, а сега се мачи и со Сити и покрај големите вложувања.

-Не сакам да си вршан притисок на себе. Благословен сум што сум во Сити. Никогаш не сум мислел дека треба се да освоиме. Или да имаме три или четири пехари во ЛШ. Освен ако си во Реал, тоа го можат само тие, останатите не. Во последните две сезони, навистина бевме блиски. Повторно ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите, -порача Пеп пред вечерашната средба во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни