Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Навистина сме во големи проблеми

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити викендов им се враќа на обврските во Премиер лигата, а веќе во среда ќе треба да го одигра реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола не крие дека има проблеми со премореноста на своите фудбалери, но не гледа начин како да одмори дел од нив, со оглед и на повредените играчи кои ги има во составот.

– Имаме потреба да ги одмориме стоперите, но Стоунс и Вокер се повредија на пријателските натпревари на Англија и сега немаме таква опција. Навистина сме во големи, големи проблеми.

– Чувствувам дека го покажавме тој замор на последните неколку натпревари, утре ќе донесеме одлука во каков состав да настапиме против Лутон, – рекол Гвардиола на вчерашната прес-конференција.

Менаџерот на европскиот и англиски првак не сакал да шпекулира со евентуалното отсуство на Кевин де Брујне и Фил Фоуден и најавил дека одлуките ќе бидат донесени во очи на натпреварот.

Сити го пречекува Лутон пред своите фанови и со победа привремено може да го преземе водството на табелата, правејќи притисок над ривалите Арсенал и Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни