Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола и Артета одбраа за дербито на „Итихад“: Марез не е во почетната постава на Сити, Џака се враќа кај Арсенал (ФОТО)

Објавено

на

foto: https://www.sandiegouniontribune.com/

Од 21 часот се игра големото англиски дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал, двете најдобри екипи во актуелнава сезона во Премиер лигата.

Ова е дуел кој може да биде и клучен во трката за пехарот во најсилната конкуренција на островот, па победа за „граѓаните“ или „топчиите“ ќе значи огромен исчекор кон освојување на првото место.

Немаше изненадувања кога е во прашање изборот на Пеп Гвардиола и Микел Артета за соочувањето на „Итихад“, па така домашниот стратег ќе тргне со Едерсон, Вокер, Аканџи, Дијаш, Родри, Стоунс, Гундоган, Де Брујне, Грилиш, Силва и Халанд.

Кај гостите пак во тимот се враќа Џака, а освен Швајцарецот тука се Жезус и Зинченко кои до „вчера“ играа за Сити, потоа Ремздејл, Вајт, Холдинг, Габриел, Одегард, Парти, Сака и Мартинели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни