Поврзете се со нас

Македонија

ГРК Охрид го обезбеди потписот на „самурајот“ Мацуока

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид се пофали со уште едно засилување во вториот дел од оваа сезона, засилување кое доаѓа од чешкиот прволигаш Брно.

Имено нов член на популарните „гладијатори“ е досегашниот член на нашиот интернационалец Дејан Кукуловски, 26-годишниот Хироки Мацуока.

Мацуока е среден бек, играч кој е лесен подвижен и дефинитивно ќе донесе динамика кај македонскиот прволигаш.

-Здраво на фановите на Охрид. Дали сте изненадени што јапонски ракометар ќе игра за Вас? Ние сме можеби многу мали, но играме ракомет премногу брзо. Ќе дадам се за овој тим. Ве молам за поддршка. Возбуден сум со доаѓањето во Охрид, преубав град, големо езеро, фасциниран сум. Се надевам на успеси со овој тим, -истакна Хироки.

Договорот на Јапонецот е до 2025 година.

Инаку претходно Охрид го ангажираше црногорскиот репрезентативец, Адмир Пелидија.

ГРК Охрид се засили со репрезентативец на Црна Гора

Воедно пак во исто време клубот го напушти турскиот ракометар Ерај Каракоч како и Даниел Андоновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни