АТП
Ѓоковиќ има неостварена желба кога е во прашање Надал: Се надевам дека по крајот на кариерите…..

Новак Ѓоковиќ вчера беше дел од свечената церемонија која ја организираше „Франс Фудбал“ и ја додели наградата на најдобрата светска фудбалерка, но пред да замине на гала-вечерта по повод „Златната топка“, светскиот рекет број еден одработил и краток разговор со луѓето од „Франс 5“.
Ноле во текот на оваа недела ќе игра на Мастерсот во Париз и ќе има тениски предизвици во француската престолнина, па едно од прашањата кои му биле поставени се однесувале за неговиот најголем ривал во кариерата.
Ѓоковиќ во повеќе наврати има посочено дека Надал е негов најтежок противник во кариерата, па иако Шпанецот неодамна му намени и неколку зајадливи изјави, Ноле верува дека тие ќе можат мирно да испијат пијачка на плажа по крајот на кариерите.
Србинот вели дека тој и Надал не се пријатели, но цврсто е убеден дека ќе можат да седнат заедно на маса и да се релаксираат во разговор за нивните животи.
– Надал е специјален играч за мојата кариера и тоа сум го повторил повеќепати. Ние не сме пријатели, но имаме голема почит еден кон друг. Се надевам дека по крајот на кариерите ќе седнеме заедно на плажа, ќе пиеме пијачки и ќе можеме да зборуваме за животот, – изјави Ѓоковиќ.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 16 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)