Поврзете се со нас

Германија

Гереиро со мајсторија ја најави победата на Баерн, триумфи запишаа и Борусија и Лајпциг (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен оствари два ужасни резултати во Бундеслигата и денеска беше приморан да реагира на домашен терен, па иако долго се мачеше, тимот на Томас Тухел на крајот стигна до победа.

Тоа се случи пред се благдодарени на Рафаел Гереиро кој постигна мајсторски гол во 65-та минута, момент по кој баварите можеа да играат доста помирно и на крајот да стигнат и до втор гол.

Томас Милер ја искористи големата грешка во потесната одбрана на Келн и во 92-та минута го постави конечниот резултат (2:0), но оваа победа нема баш да го израдува Томас Тухел кој по се изгледа до крајот на сезоната го загуби Кингсли Коман.

Французинот заработи нова незгодна повреда на мускулот и не можеше да згазне на нога додека го напушташе теренот, проблем кој навјверојатно ќе значи предвремен крај на сезоната за заборав.

Од останатите терени во Бундеслигата, Ред Бул Лајпциг на домашен терен славеше над Волфзбург со 3:0, дуел на кој Елиф Елмас повторно доби само симболична минутажа во самата завршница.

Триумф оставри и Борусија Дортмунд во дербито со Менхегладбах (1:2), натпревар на кој сите три гола беа постигнати во првото полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни