Репрезентација
Футсал репрезентацијата до 19 години загуби од Словенија
Младата македонска футсал репрезентација до 19 години во еден интересен и возбудлив натпревар забележа минимален пораз од селекцијата на Словенија со 3:2 во рамките на групата Б од силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој се одржува во Умаг, Хрватска.
Нашите футсал фудбалери имаа предност од 2:1 и три извонредни можности за зголемување на предноста, но на крајот противникот успеа да направи комплетен пресврт и да ја забележи првата победа во рамките на првото коло од турнирот.
Капитенот Гавровски и Стоимировски се запишаа во листата на стрелци за Македонија на овој натпревар.
Во второто коло од меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, младата футсал репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Хрватска.
-
НБАпред 6 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа
-
Италијапред 20 часа
Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт
-
Англијапред 19 часа
Невил за „траумите“ од тренерското искуство во Ла Лига: Тој не сакаше ни да се ракува со мене
-
НБАпред 23 часа
НБА Топ 5: Шоу на Дончиќ и Ирвинг против Клиперс (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Газдите на Филаделфија купиле билети за да спречат присуство на фанови на Њујорк на шестиот дуел од серијата
-
Францијапред 20 часа
Фудбалер на ПСЖ заработил сериозна повреда, ќе го пропушти и ЕП во Германија
-
АТПпред 22 часа
Руски бизнисмен го обвини Алкарас дека учествува во местење тениски мечеви