Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ со соопштение за истрагата за наместени натпревари: Соработуваме со МВР

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија вечерва потврди дека Министерството за внатрешни работи спроведува истрага за наместени фудбалски натпревари во нашата земја, истакнувајќи дека максимално соработува со истражителите.

Претставници на МВР и Јавното обвинителство денеска биле во просториите на ФФМ за да добијат одредена документација која е потребна за истрагата за која досега нема многу детали, а ФФМ со соопштение ги потврди информациите објавени во текот на денот.

– Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

– Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, – стои во соопштението на нашата фудбалска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни