Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен побрз од болидите на Мерцедес, Алонсо се врати со Топ 10 пласман во Ф1 квалификациите

Објавено

на

Макс Ферстапен ја оправда фаворитската улога на квалификациите во трката за Големата награда на Бахреин и ќе стартува од пол-позицијата на отворањето од новата Формула 1 сезона.

Возачот на Ред Бул доминираше на тренинзите и фактот дека во моментов има најбрз болид, го потврди во квалификациите, завршувајќи ги со време кое беше подобро за о,388 секунди подобро од тоа на шампионот Луис Хамилтон.

За Ферстапен ова е прва пол-позиција во кариерата во Бахреин, а вкупно четврта. Зад првиот ред во кој утре ќе стартуваат Ферстапен и Хамилтон, следуваат Валтери Ботас и Шарл Леклер, кој најави дека Ферари може да биде поконкурентен сезонава.

До десеттото место се пласираа Гасли од АлфаТаури, Рикардо и Норис од Мекларен, Саинц од Ферари, Алонсо од Алпин и Строл од Астон Мартин.

Фернандо Алонсо успеа да стигне до солиден резултат во првите квалификации по враќањето во Формула 1, додека разочарувачки е пласманот на Серхио Перез, кој со болидот на Ред Бул го освои само 11. место.

Себастијан Фетел кој сезонава вози за Астон Мартин беше само 18-ти, додека зад него се само возачите на Хас, Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни