Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд жестоко нападна еден играч на ПСЖ за третиот гол на Барса: Тоа е кривично дело во фудбалот!

Објавено

на

Рио Фердинанд е еден од главните аналитичари на „ТНТ Спортс“ и е задолжен за коментирање на случувањата во Лигата на шампионите, а бидејќи главниот фокус изминатава вечер беше на дуелот во Париз, легендата на Јунајтед даде свој став за победата на Барселона.

Всушност, Рио издвои еден фудбалер на ПСЖ кој бил крајно несигурен во текот на целиот меч, и кој практично кумувал за поразот на „светците“ на домашен терен во француската престолнина.

Поранешниот стопер го нападна Италијанецот Џанлуиџи Донарума и заклучи дека тој е главен виновник за третиот гол на Барселона, откако претходно покажал голема несигурност при центаршутевите и во првото полувреме.

– Мислам дека голманот на ПСЖ направи две грешки при центаршутеви во првото полувреме и најверојатно во неговата глава остана дека треба да седи на линија. Им ја препушти одговорноста на стоперите за корнерот.

– Тоа беше во неговиот простор, Кристенсен беше во неговиот простор, а тој е висок речиси два метри. Тоа е кривично дело во фудбалот! Тоа што не истрча и што не покажа кој е газда во шеснаесетникот, – изјави Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни