Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд смета дека Ван Дајк не припаѓа на друштвото најдобри стопери во историјата на ПЛ

Објавено

на

Ливерпул и Вирџил ван Дајк имаат послаба сезона од вообичаеното, а Рио Фердинанд смета дека Холанѓанецот не успеал да ги задржи стандардите на најдобрите стопери кои играле во лигата.

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед ја коментирал формата на Холанѓанецот пред почетокот на вчерашниот дуел на Ливерпул и Реал Мадрид, изнесувајќи го својот став.

– Постојат фази во кариерата кога работите не одат според планот.

– Но, кога ќе погледнете што се случувало со најдобрите како Видиќ, Кемпбел, Компани, Тери, Стам… никогаш немале цела лоша сезона или пак лоша форма на осум-девет натпревари во серија.

– Факт е дека влијае и играта на целата екипа, а во моментов играта на Ливерпул не оди во корист на карактеристиките на Ван Дајк, – истакнал Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни