Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: Навивачите на Арсенал мора да му се извинат

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Поранешниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд испрати порака до навивачите на Арсенал кои според него мора да му се извинат на еден член од сегашниот состав.

Според Фердинанд фановите мора да признаат дека погрешиле со Каи Хаверц за кои имаа критики и не веруваа дека е добар трансфер од самото доаѓање од Челси.

-Имаше огромен притисок врз Каи Хаверц. Кога зборуваме за карактерот на играчите, тој тоа го има. Многу прашалници имаше од навивачите на Арсенал кога се работи за Хаверц. Кога шетам овде и каде било во Арсенал, секогаш им велам на навивачите на Арсенал, дали му се извинивте на Хаверц? Треба да се извинат. Мора да се извинат, -смета Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни