Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Тоа што го направи Ѓоковиќ е неверојатно, ова е…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ минатата седмица триумфираше на Ролан Гарос, славје кое му донесе испишување на нова историја во машкиот тенис затоа што беше поставен рекорд по бројот на освоени пехари на грен слем турнирите.

Србинот дојде до 23. титула на најголемата сцена и со тоа го остави зад себе Рафаел Надал, поточно сега е лидер на таа вечна листа. За тоа достигнување доби честитки од Шпанецот, а сега се огласи и швајцарскиот маестро Рожер Федерер.

-Тоа што го направи Новак е неверојатно. Искрено одлично е за тенисот кога се испишува историја. Тоа го видовме со Серена, Рафа мене и сега Новак. Ова е одлично време да бидете во тенисот, како навивач, но и како играч.

– Се сеќавам кога дојдов, па Сампрас ја освои својата 14 титула и си помисливме овој број ќе остане засекогаш“. Потоа јас дојдов до 15 титула, па до17 трофеј и потоа сите тројца се туркавме 20 ката. Не знам кој беше прв до таа бројка, но потоа Рафа стигна до 22. Сега Новак е на 23 и изгледа дека ќе го надмине што е одлично. Забаравеме дека не е веќе така млад, му посакувам се најдобро, -истакна Федерер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни