Поврзете се со нас

АТП

Федерер доби прашање дали Ѓоковиќ е најголем тенисер на сите времиња, па направи интересна споредба

Објавено

на

Foto:twitter.com/ATPHalle

Рожер Федерер беше почесен гостин на турнирот во Хале кој во својата играчка кариера успеа да го освои дури десет пати, а како вистинска легенда на ова германско тениско здание, Швајцарецот одржа и говор пред присутните гледачи.

Тенискиот маестро од Базел веќе не е рекордер по бројот на освоени грен-слем титули и во тоа го надминаа и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но Србинот пред две недели изби сам на вечната листа со 23 и за многумина тој веќе е најголем играч на сите времиња.

Федерер не можеше да ја избегне оваа тема и при обраќањето во Хале, каде сепак даде дипломатски одговор и ги испочитува и претходните генерации кои играа тенис пред „големата тројка“.

– Тешко е да се утврди дали Новак е најголем на сите времиња. Тоа е дебата за која никогаш нема јасен одговор. Дури и јас поставувам прашања и еднаш прашав еден пријател: Што е потешко, да го освоиш Вимблдон со 17 години како Борис Бекер, или да го освоиш Ролан Гарос со 36 години како Новак? Навистина не знам, – изјави Федерер кој доби прашање и за успехот на Србинот на Френч Опен.

– Тоа што го направи е навистина неверојатно. Тоа што го постигна Новак е навистина огромна работа во тенисот, – додаде Рожер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни