Поврзете се со нас

Италија

Фановите му дадоа нов прекар на нашиот Елмас (ФОТО)

Објавено

на

Наполи го растури Јувентус (5-1) во вчерашното дерби во Серија А, резултат во кој свој удел имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас влезе во игра во вториот дел и коректно си ја одработи својата задача со тоа што круна беше погодокот со кој пукна „петарда“, односно голот со кој воедно беше поставен конечниот резултат. Со ова офанзивецот само потврди дека е во одлична форма, но и му испрати порака на тренерот Лучијано Спалети дека заслужува да биде и стартер.

Елиф веќе почнува да биде и миленик на навивачите од кои доби и еден нов прекар „Ел Масимо“ што во превод би било момчето кое секогаш го дава максимумот на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни