Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ослободи уште еден дански ракометар (Фото)

Објавено

на

Фото: rkeurofarmpelister.com

Вчерашното збогување со Андреас Јохан Нилсен беше прва најава за неколку разделби кои ќе следат во Еурофарм Пелистер во овој зимски преоден рок, а потврда за тоа добивме и ова попладне.

Македонскиот првак се поздрави со уште еден дански интернационален, со тоа што мора да се признае дека Каспер Кисум прикажа далеку подобри перформанси и беше еден од водечките во шампионскиот поход минатата сезона.

Според соопштението кое го проследија битолчани во јавноста, Кисум веќе си има договорено ангажман со друг клуб, па оттаму и одлуката за предвремен раскина на договорот на средина на сезоната.

– РК Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката. Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона.

– Кисум во првиот дел од сезоната постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум. РК Еурофарм Пелистер му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни