Поврзете се со нас

Балкан

Етеми асистент против Галатасарај, Истанбулспор пропушти голема шанса да го шокира фаворитот (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Валон Етеми забележа асистенција во дресот на Истанбулспор на вечерашното гостување кај Галатасарај.

Фаворитот водеше со 2-0 по првото полувреме, но гостите се вратија во игра во 82 минута кога по центаршутот на Етеми топката заврши во голот откако Јесил ја удри со глава. Во судиското продолжение Истанбулспор можеше да го шокира Галатасарај затоа што по ударот на Валон топката дојде до Јесил ко не реализираше зицер за 2-2.

Галатасарај славеше со 2-1 и со тоа го презема првото место во шампионатот. Ова за Етеми беше втора сезонска асистенција, има дадено и четири голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни