Поврзете се со нас

Германија

„ЕСПН“: Зидан нема да дојде во Баерн поради специфична причина

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тренерската позиција во Баерн Минхен ќе биде испразнета по крајот на сезоната, а бундеслигашот и натаму е во потрага по наследникот на Томас Тухел.

По Чаби Алонсо, отпадна и вториот фаворит, повратникот Јулијан Нагелсман, кој вчера потврди дека ќе остане германски селектор и по ЕП 2024, па медиумите почнаа да шпекулираат за контакти со Зинедин Зидан.

Фановите на Баерн посакуваат славно име и трофеен тренер на клупата на својот клуб, но „ЕСПН“ тврди дека немало никакви контакти меѓу германскиот клуб и Зидан, односно неговите агенти.

Самиот Зидан смета дека Баерн не би бил добра опција за него, посебно поради јазичната бариера, бидејќи Французинот не зборува германски, а не е голем познавач ниту на англискиот јазик.

„ЕСПН“ тврди дека засега Зидан во Баерн е нереално сценарио, додека главни фаворити за тренерската позиција сега се Роберто Де Ѕерби, Ралф Рангник и Себастијан Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни