Репрезентација
Елмас: Ова се мечеви кои ни помагаат да растеме како тим

Македонија не направи ново изненадување во мечевите со Италија и загуби со 5-2 на пресметката која се одигра на „Олимпико“ во Рим.
Ние имавме лошо прво полувреме во кое му дозволивме на противникот да дојде до водство од 3-0 и потоа беше тешко да се вратиме до игра иако дојдовме до 3-2, но домаќините финишираа со нови два погодоци за потврда на триумфот кој за нив беше од огромно значање во трката за пласман на Европското првенство.
-Ние секогаш веруваме во себе на секој натпревар свесни дека можеме до позитивни работи, така беше и сега меѓутоа не одигравме според договорот во првото полувреме. Сепак ова се натпревари кои секогаш ни помагаат во нашиот раст како тим.
-Знаевме дека Италијанците ќе тргнат силовито, но ние уште повеќе ги засиливме затоа што остававме многу простор во првиот дел. По паузата беше далеку подобро, се виде дека може да играме како што треба и тоа треба да ни е слика за следните натпревари, -истакна Елиф Елмас.
Сега за нашата селекција следи пресметката со Англија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…
-
Светпред 22 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година