Поврзете се со нас

Европски првенства

Елмас: Не знам дали не потценуваат, ние дојдовме по три бода!

Објавено

на

топ

Елиф Елмас е добро познато име во Италија и актуелен шампион во оваа земја со Наполи, а како таков привлече посебно внимание на прес-конференцијата која вечерва се одржа во Рим.

Македонија остана непоразена на последните три натпревари кои ги одигра со Италија, но посебно болен за „аѕурите“ беше дуелот од минатата година кога ги оставивме без Светско првенство.

За разлика од Македонија која влегува растеретено на утрешната пресметка, Италија има императив да победи и да освои три бода, бидејќи ова се последните два меча на кои брка пласман на Европско првенство.

– Утрешниот натпревар е многу важен за Италија, но ни се гледаме себеси. Дојдовме тука за да освоиме три бода и се насочуваме само кон себе. Тие на три натпревари по ред не успеаја да не победат и за нас задоволство е да играме против Италија. Не знам дали не потценуваат, но дојдовме тука да извлечеме добар резултат, – изјави Елмас, кој многу добро ја познава и тактиката на Лучијано Спалети.

– Добро го познавам, но мислам дека нема да прави големи отстапки и промени од тоа што е карактеристично за него. Знаеме како играат неговите тимови, верувам дека ќе биде исто како во Наполи. Поради тоа, очекуваме многу агресија и посед на топка од неговиот тим, – додаде Елиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни