Поврзете се со нас

Италија

Екс играч на Јувентус: Никогаш не би го донел Лукаку во Торино…

Објавено

на

Ромелу Лукаку е сериозна опција за Јувентус, клуб кој влезе во прв план за неговиот потпис и тоа откако Интер реши да се откаже од Белгиецот.

„Нероаѕурите“ сакаа да го ангажираат Лукаку или поточно да се разберат со Челси и го продолжат престојот на напаѓачот на „Џузепе Меаца“, меѓутоа откако добија информација дека истиот одржува контакти со Јувентус тие се повлекоа од трката за неговиот потпис.

Јуве пак од друга страна треба прва да го продаде Душан Влаховиќ за да може да го добие Белгиецот што дефинитивно значи дека ќе продолжи драмата со членот на Челси.

Доаѓањето на Ромелу во Торино дефинитивно би бил потрес за италијанскиот фудбал со оглед на минатото на играчот и препирките кои тој ги имаше со „бјанконерите“, нивните навивачи. Воден од сето ова некогашниот член на Јувентус, Масимо Мауро имаше една јасна, директна изјава дека е против ваквата операција на калчолигашот.

-Можеби сум стар, но не би земал играчи како Лукаку кој дури и јавно кажа дека никогаш нема да го облече црно-белиот дрес. Ама повторно, не би бил изненаден. Затоа што Јувентус веќе имал неколку вакви удари во својата историја. Мислам на Капело, Сари, па дури и на Игуаин. Изгледаа како големи ривали, потоа испаднаа успешни дури и во црно-бело.

-Да не зборуваме, дека во денешно време играчите можат да прават и да кажат што сакаат. Тие го бакнуваат грбот и потоа следниот момент се преселуваат на друго место. Повеќето од тренерите се прават дека не слушаат и дека не гледаат. Јас, од друга страна, останувам убеден дека за да се изгради тим и важна група, треба да се тргне од чувството на припадност и да се има специфичен идентитет, -вели Масимо кој со Јувентус има освоено Скудето.

-Лукаку не би ја вратил радоста и вербата кај „бјанконерите“, туку напротив. Лукаку повеќе ми изгледа како потег од Алегри отколку од Џунтоли. Зборуваме за искусен и сигурен напаѓач. Ако остане во форма и има среќа, може да постигне 35 гола во сезона. Во спротивно, тој може да пропушти едноставни шанси и да стане жртвено јагне како што се случи во финалето на Лигата на шампионите.

-Не се знае дали Интер ќе биде послаб, ќе добие уште еден напаѓач. Може да бидат полоши но и да станат уште подобри. Размислете за Наполи минатата година, -подвлече и заклучи Мауро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни