Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездата на Минесота се отвори по тешкиот период: Тој Карл што го знаевте умре на 13 април, никогаш повеќе нeма да се врати!

Објавено

на

Составот на Минесота Тимбервулвс победнички ја започна новата сезона во НБА лигата, а тоа многу му значеше на најдоброт играч на клубот од Минеаполис, Карл Ентони Таунс.

Таунс нема по добро да ја памети 2020 година, изминативе месеци беа многу тешки за него, загуби многу драги лица поради КОВИД-19 меѓу кои и неговата мајка Жакелин Круз-Таунс.

-Ова многу ми значеше. Себично за мене, ама многу ми значеше. Беше тешко. Среќен сум што ја остварив оваа победа за неа. Јас и реков дека сакам да и ја донесам оваа победа и да и ја дадам оваа топка, па затоа сум среќен што успеав, -истакна Таунс кој воедно порача дека од 13 април (смртта на неговата мајка) е друг човек.

-Тој Карл почина на 13 април, нема да се врати назад. Физички зборувате со мене… Ама човекот за кого зборувате од 13 април или порано, не го познавам. Тој не е тука, -порача Таунс кој средбата со Детроит Пистонс ја заврши со 22 поени, 11 скокови, 7 асистенции, 1 украдена топка и 2 блокади.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни